Деловниот комплекс Летница, деновиве е тема на меѓупартиски препукувања.

Најавите за модернизација и доградба на комплексот предизвикаа реакции на ВМРО ДПМНЕ, која обвини дека со овој проект се уништува центарот на Охрид и дека зад него стои СДСМ и олигархијата создадена од неа и дека планот е поддржан од локалната самоуправа.

На ова реагираше локалната самоуправа која потсети дека урбанистичкиот план за овој проект го има усвоено градскиот совет во време кога во Охрид на власт беше ВМРО ДПМНЕ и дека се работи за приватен имот кој нема никаква врска со општината.

На тема комплекс Летница денеска ќе се огласи и локалната СДСМ.