По повод големиот христијански празник, Свети Климент Охридски, ОК на ВМРО ДПМНЕ упати честитка до граѓаните во која се вели:

„Денешниот ден го симболизира враќањето на Свети Климент во Охрид ден од кој потекнува коренот на Македонската црква.

Делото на Свети Климент Охридски како основач на Охридската архиепископија и нејзин прв епископ, како просветител и основоположник на Охридската книжевна школа, како творец на кириличното писмо и втемелувач на старословенскиот јазик како трет службен јазик на православната црква, во потполност ја отсликува мисијата на православието – јакнење на христијанскиот дух и верата на луѓето, како и нивно подучување и описменување.

Им посакуваме на сите православни христијани во спокој и хармонија да го дочекаат и празнуваат овој голем празник.

Нека ни е честит и за многу години празникот“, стои во честитката на ОК ВМРО ДПМНЕ.