Партиската конвенција на СДСМ  што ќе се одржи на 23 декември во Скопје треба да го потврди изборот на 23-цата кандидати за советници, со кои најголемата опозициска партија ќе излезе на претстојните локални избори.

Кадровската комисија на огранокот во Охрид ги утврдила имињата на 23-цата кандидати за советници за кои сега треба да се изјасни партискиот врв. Покрај утврдената листа до центарлата биле испратени и имињата на сите други личности кои не успеале да влезат на предлог листата. Таа ќе биде дефинирана како конечна на партиската конвенција што ќе се одржи на 23 декември. На неа треба да биде потврдена и одлуката за кандидат за градоначалник. На листата кандидати како што веќе информиравме се актуелниот градоначалник Александар Петрески кој очекува по втор пат да ја трча изборната трка, пратеникот Томе Чингоски, претседателот на Советот Владо Чингоски и директорот на МЈП „Проаква“ Бранко Трпчески.

Ohridnews