Една партија голф со поранешниот американски претседател Бил Клинтон била продадена за 80 илјади долари на аукција по повод 40 годишнината од обележувањето денот на планетата Земја. Партијата голф со Бил Клинтон била меѓу дваесетте понуди на аукциската куќа Кристи, чиј приход ќе биде подарок на организациите за заштита на животната средина. Партијата голф со претседателот била продадена три пати поскапо од почетната цена.


Викенд во Њу Јорк во стилот на серијата „Сексот и Градот“ бил продаден за 26 илјади долари,а една покана за холивудска забава, на која ќе присуствуваат голем број филмски звезди, за 60 илјади долари. Купувачи немало за едно предвидено сафари во Боцвана за шест лица, кое било проценето на 200 илјади долари. Едно дело на уметникот Демијан ХЕрст било продадено за 92 илјади долари.