Општинската организација на СДСМ – Охрид со честитка до граѓаните ги заокружува активностите во 2008 година.
„ОО на СДСМ – Охрид на сите граѓани им ги честита Новогодишните и Божиќните празници и им посакува добро здравје, среќа и успех“, се вели во празничната честитка потпишана од претседателот на огранокот, Томе Чинговски.
Празничен финиш на годината имаше и ВМРО ДПМНЕ.
На прес конференција претседателот на општинскиот комитет, Борче Стефановски, на граѓаните на Охрид им ја честиташе Новата година со желби за здравје и успех. Притоа тој вети нова визија за Охрид во 2009 година и нови проекти кои, како што рече, ќе го подобрат развојот на градот.