– Ние, земските луѓе почнавме да го валкаме ликот и делото на светецот, патрон на нашиот град, Свети Климент Охридски.-се вели во реакцијата на ОК ВМРО НП – Охрид.
Оваа партија се оградува од одлуките на Комисијата за доделување награди и признанија и одговорноста за случувањата околу патрониот празник на градот ја префрла на другите политички партии во советот.
– Апелираме, советничката група на ВМРО – ДПМНЕ да не се изема од одговорност во целава оваа ситуација бидејќи во Комисијата за доделување на Свети Климентова награда која брои 5 членови, тие учествуваат со двајца. Како потсетување, во комисијата четворица членови беа за, а само еден против. Што значи дека еден од нивните советници гласаше за оваа одлука.-велат ВМРО НП.
На обвинувањата со контра обвинувања реагираше ОК ВМРО ДПМНЕ, од каде велат дека ВМРО Народна партија одработува уште еден долг кон градоначалникот Петрески и го брани СДСМ.
– Кога целата охридска јавност знае на чија партија припаѓаат членовите на Комисијата за доделување награди и признанија , тие излегоа со лага дека ВМРО ДПМНЕ во Комисијата имала два члена. ВМРО ДПМНЕ во Комисијата за доделување на награди и признанија има само еден свој партиски член и само за тој член сноси партиска одговорност . Тој член гласаше против одлуката на Рамковски да му биде доделена Свети Климентовата награда . Од 4- те останати кои гласаа за наградата за Рамковски ниту еден не е член на ВМРО ДПМНЕ . – се вели во одговорот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.