Изминативе десетина дена бележиме исклучителна активност на политичките партии во Охрид. По ДУИ и либералдемократите кои неодамна одржаа трибини во Охрид, викендов на средба со охриѓани допатуваа десетина пратеници, државвни секретари и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ. Во вторник трибина во Охрид ќе одржат социјалдемократите.

Ваквата раздвиженост на партиите, е невообичаена за овој период од годината, со што само дополнително се засилуваат шпекулациите околу евентуални предвремени избори. Владејачките партии демантираат, а опозицијата е убедена дека се подготвуват избори.

„Во моментов не размислуваме за предвремени избори туку размислуваме за реализација на програмата и пред се на исполнување на обврските од кои зависи зачленувањето на земјата  во НАТО и ЕУ“, ни изјави пратеникот Александар Николовски, кој беше дел од партискиот тим што викендов престојуваше во неколку охридски села.


Не се подготвува,е за избори-Александар Николоски ВМРО ДПМНЕ

Според опозициската СДСМ, посетата на партиските функционери на ВМРО ДПМНЕ на Охрид е во функција на поправање на ослабениот рејтинг на власта и  јасен сигнал дека се подготвуваат предвремени избори. „Последните показатели говорат дека рејтингот на власта нагло паѓа и најверојатно ја почнуваат предизбортната кампања во една панична еуфорија“, ни изјави претседателот на ОО СДСМ – Охрид, Томе Чингоски.


власта панично подготвува избори-Томе Чингоски СДСМ

Никој официјално не потврдува дека се подготвуваат предвремени парлемантирни избори, но засилената активност на партиите во Охрид кој се смета за битен политички центар ја подгрева политичката атмосфера во земјата во клучната година за евроатлантските интергратини процеси. Токму од исходот на априлскиот самит на НАТО во Букурешт според многумина, ќе зависи и датумот на евентуалните предвремени избори, кои според некои предвидувања би можело да се случат на есен.

Г. Момироски

топ вест: ФК Охрид пред колапс ! !
прочитај повеќе:
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=3687