Во тек се активности за партерно уредување на неколку локации низ градот, информира на официјалниот фејсбук профил градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Во Рача и Лескоец партерно се уредуваат краци од улици. Активностите се во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, се вели во објавата.

Вредноста на програмата е околу 750 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews