Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година, во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион во текот на 2022 година се планира реализација на проект за изведба на работи за партерно уредување на просторот околу Мултикултурен центар “Коста Србакоски” Вевчани.
Во изминатиот период со ЦЗРЈПР работевме на подготовка на тендерската документација, а објавен е јавен оглас за доделување на договор за јавна набавка на работи. Се повикуваат заинтересираните градежни компании да подигнат теднерска документација преку Електронскиот систем за јавни набавки и да достават понуди за изведба на работи за партерно уредување на просторот околу Мултикултурен центар “Коста Србакоски” Вевчани, информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.
Инаку, cо овој објект како што беше претходно споменато се овозможува промоција и развој на туризмот, се отвораат можности за развој на локалните капацитети и подобрување на атрактивноста на самата општината, но и на Струга и Охрид и поширокиот регион.
Во објектот се опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.
OhridNews