Декември е најстресен месец за паровите и оние кои се во брак, а најголем дел од кавгите се случуваат поради празниците. Според резултатите на една британска анкета, во која учествувале 3000 лица, паровите најчесто се караат во декември, а причина воглавно биле несогласувањата предизвикани од новогодишната и божиќната грозница.

И покрај мислењето дека сезоната на празниците носи радост и опуштање, анкетата покажала дека стресот само се зголемувал, бидејќи паровите се карале околу купувањето на подароците, финансиските проблеми, посетите на семејствата, организирањето и одењето на прослави и забави и други слични работи. Дури 12 проценти од анкетираните се изјасниле дека целиот период околу празниците го минуваат во постојани кавги со пратнерите, а една петтина истакнала дека декември е месецот кој најмногу го мразат.