Прославениот македонски кошаркар Перо Антиќ ќе биде еден од кандидатите за претседател на Македонската кошаркарска федерацијата (МКФ). Антиќ, информацијата за кандидатурата ја потврди во емисијата „Улица Македонија“.
Официјално потврдувам дека ќе поднесам кандидатура за прв човек на МКФ. – рече Антиќ во текот на емисијата.
Мандадот на актуелниот прв човек на македонската кошарка Петар Наумоски истекува на крајот од натпреварувачката сезона и се` уште не се знае дали ќе поднесе нова кандидатура за претседател. Во кошаркарските кулоари како кандидати се споменуваат Владимир Темелковски кој е актуелен директор во МКФ и Есад Рахиќ.
OhridNews