Владејачката ВМРО-ДПМНЕ наредната недела до Собранието треба да достави предлог-одлука за распуштање на парламентарниот состав, информираа денес од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ.

Според извори од партиите, оваа недела во Собранието треба да се изгласа претседателот на Државната изборна комисија, Уставниот амандман 32, со кој се предвидува екстрадиција на граѓани во и надвор од државата и измените и дополнувањата на Изборниот законик, наредната недела да се распушти парламентот и да бидат распишани предвремени парламентарни избори.

За изгласување на овие точки е потребно двотретинско мнозинство.

Минатата недела лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, објави дека тие се откажуваат од сите барања и дека безусловно ќе учествуваат на изборите, по што премиерот Никола Груевски донесе одлука дека изборното соочување ќе биде на 5 јуни.

OhridNews
извор: Makfaks