Собранието на Република Македонија, на вчерашната седница со 60 гласа „ЗА“ го усвои Законот за рибарство со кој се утврдуваат новите критериму на заштита и управувањетоп со Охридското Езеро.
Се очекува наскорто ресорното министерство да распише нов тендер за давање на Охридското Езеро под концесија, постапка која се очекува да трае најмалку неколку месеци.
Претходно владата на седница донесе одлука за запирање на тендерот за издавање на Охридското Езеро под концесија. До изборот на новиот концесионер (според критериумите од новиот закон) ресорното министерво ќе издвои средства за физичка заштита на Охридското Езеро кое поради немање соодветна заштита постојано е цел на рибокрадците.