Македонската музичка ѕвезда и хуманист, Тоше, загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка – Хрватска.
Идејното решение за изградба на меморијалниот споменик на Тоше во Крушево е веќе изработено, а доколку Собранието даде зелено светло изградбата ќе започне на годишнината од смртта на прерано починатиот музички гениј.