Двеста учесници на конференцијата од осум земји, вработени во националните паркови и парковите на природа, се запознаа со методите на проценка на користа од заштитените подрачја и учеа за штетността од климатските промени, одржливиот туризам и заштитените подрачја во контекст на ЕУ.
Конференцијата е една од активностите на проектот „Парковите на Динарската верига„ која ја спроведува светската невладина организација за заштита на природата WWF во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово*, Македонија, Словенија и Србија. Со брендот Паркови Динариди, чиј слоган е „Неоткриен свет„ , чуварите на природата сакаат да ја промовираат Динарската верига како регион со неодолив пејсаж и различна но сепак единствена култура. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Мава Фондацијата, при што амбасадорката наНорвешка во БИХ ја затвори конференцијата.
– Целта на овај проект е да се зајакне дијалогот во регионот и соработката, развивајќи притоа регионално чувство на припадност врз основа на заедничкото природно наследство со што повторно ќе се изгради позитивна внатрешна и надворешна слика на регионот, истакна амбасадорката на Норвешка во БиХ Анне Вибеке затворајќи ја конференцијата.
Проектот „Парковите на Динарската верига“ започна во јануари 2012 година со главна цел создавање на мрежа од 75 паркови во регионот. При тоа има и многу важна задача да ги научи вработените во парковите за подобро управување и одржлив туризам. Уште една од целите на проектот е создавање на препознатливост на Динарската верига, која во светот би требало да биди еднакво важна како Алпите или Карпатите. Динарската верига би можела да стане синоним за одржлив развој.
Освен претставници од НП „Галичица“, на конференциијата учествуваа и претставници од НП Пелистер,НП Маврово и други невладини организации. Во текот на конференцијата беше промовирана и веб страната на Парковите на Динаридите www.discoverdinarides.com каде се претставени заштитените подрачја односно Националните паркови во Р.Македонија.Во наредниот период на истата страна ќе бидат претставени и останатите заштитени подрачја како и активностите кои се спроведуваат за и на подрачјето на истите.