Имено, според предвидените програмски активности за хортикултурно доуредување, на местото каде сега се наоѓаат дел од реквизитите за забава на најмладите е предвидено поставување на жардињери со украсни садници со современ изглед по европски терк.
Тие веќе подолго време не можат да се постават поради тоа што просторот во текот на летниот период беше зафатен со реквизити за кои од јавното претпријатие тврдат дека се поставени без дозвола од надлежните органи.