И покрај сообраќајниот знак за забрането паркирање, речиси секојдневно бројни возила се паркираат од едната страна на делот од улицата „ Јане Сандански“ кој води кон езерото. Со, тоа се попречува нормалното движење на сообраќајот на улицата, на која според сообраќајниот режим, возилата може да се движат во две насоки.

Особено во вечерните часови едната страна од улицата е целата блокирана со паркирани возила. Во текот на летото еднаш или два пати доаѓаше сообраќајна полиција и со пајак се креваа возилата, но на тоа се заврши. Можеби некои од сопствениците на возилата не го забележале сообраќајниот знак за забрането паркирање, а многу од нив претпоставувам кога ќе ги видат останатите паркирани возила сметаат дека тука може да паркираат. Дополнителна забуна прави хоризонталната сигнализација која остана од пред неколку години кога улицата беше еднонасочна и тука беа обележани паркинг места, велат жителите од околните куќи.

Од надлежнте бараат проблемот што поскоро да се реши затоа што често пати доаѓа до вистински застој во движењето на возилата и бројни проблеми.

OhridNews