Истовремено, постојано никнуваат станбени објекти од кои голем дел се без соодветен број паркинзи. Во зграда со дваесеттина станови едвај има обезбедено паркинг за пет автомобили.
За сметка на тоа се уништуваат зелените површини и се прават планови да се сечат дрвореди.
Комплексот згради во близина на градскиот кеј, кај хотелот „Ројал“ е само еден пример за тоа. Изградени без дворно место, со претесен влез помеѓу два објекти во кој едвај поминуваат станарите, а сосем невозможно е, во случај да притреба, да пристапи амбулантна кола или пак пожарна.
За паркинг простор воопшто и не може да стане збор. Секој од станарите се снаоѓа како знае и умее.