Иако беше најавено дека за прв ден Божиќ како празнична честитка паркингот во Охрид ќе биде бесплатен, тоа не беше случај и во централното градско подрачје, каде вообичаено е и најголема фреквенцијата на возила. Граѓанин на Охрид ни испрати фискална сметка од наплатен паркинг, денеска, во строгиот центар на Охрид.

На прашањето зошто се наплаќа паркинг на прв ден Божиќ, кога јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите најави дека на 7 јануари паркирањето во Охрид ќе биде бесплатно, вработените во строгиот центар со одговор дека тоа не важи за тоа подрачје.

-На празникот Божиќ, 7 јануари, вторник, јавниот градски паркинг со кој стопанисува Ј.П. “Билјанини Извори”,  ќе биде бесплатен за сите корисници. – стоеше во соопштението кое пред три дена беше испратено до јавноста.

-Се би било во ред доколку јавноста целосно и недвосмислено беше информирана дека наводно бесплатниот паркинг за празникот Божиќ во Охрид нема да важи во сите зони, а не граѓаните да бидат ставени во непријатна ситуација да се расправаат по паркиралиштата. Тоа е несериозно и неодговорно, кометнираат граѓани.

OhridNews