Пред железничката станица во италијанскиот град Падова осамнал паркинг за „збогување на брзина“. Наречен “park and kiss”, ова спрецијално стојалиште е наменето за возачите кои ја носат саканата личност на железничката станица, но немаат време да се задржат подолго.

Како што јавува весникот “Korijere dela sera”, во рамките на паркингот, кој е бесплатен, автомобилите можат најдолго да се задржат 15 минути, што е доволно да го истоварат багажаот и да се поздрават со патниците. Вакви паркинзи извесно време постојат во скандинавските земји, а градоначалникот на Падова толку би импресиониран од нив што одлучил да отвори еден и во својот град.