Викендов што е зад нас во Охрид привлече триесетина илјади гости. Според проценките на надлежните најмалку 20.000 автомобили влегле во градот што дополнително ја оптовари ионака преоптоварената сообраќајна инфраструктура. Сепак најгорлив проблем и натаму останува паркинг просторот. Него се помалку го има во градот, или поточно кажано се повеќе има автомобили. Иако се очекуваше да биде завршена пред почетокот на главната туристичка сезона подземната гаража кај старата автобуска сеуште не е ставена во функција. Во недостиг на повеќе такви објекти кои ќе го зголемат капацитетот на паркинзи граѓаните и гостите мораат да да се снаоѓаат како знаат и умеат. Понекогаш за да се стигне до паркинг место се троши повеќе од патувањето до саканата дестинација. Фотографиите говорат зошто…


Паркинг во Охрид нема ни за лек

фото: Васко Бујароски