Над 10.000 гости престојуваат во Охрид за првомајските празници. Покрај нив во Oхрид престојуваат и 19 делегации на држави членки на Централно Европската иницијатива поради што во градот на сила е посебен режим на сообраќај. Меѓу другото забранат е паркинг по целата должина на булеварот Туристичка, што создава дополнителен метеж во центарот. Се бара паркинг место повеќе, а до него тешко се стигнува. Се обидете ли погрешно да паркирате „пајакот“ веднаш ќе го одвезе вашето возило. Фотографиите што ги направивме вчера најдобро сведочат за гужвата во Охрид овие денови. Доколку немате неодложна потреба најдобро е вашиот автомобил да го оставите дома. Во спротивно ќе имате тешка задача да најдете паркинг.
Паркинг нема ни за лек
фото: Васко Бујароски