Во Њујорк, на Менхетн, се продава паркинг место вредно милион долари. Паркин местото, кое се наоѓа во гаража на Менхетн, чини шест пати повеќе од една семејна куќа во САД. Во седум метри долгата, 3,6 метри широка, и 4,5 метри висока гаража, купувачот има можност да постави лифт како би можел истовремено да паркира два автомобили.
Се верува дека купувач ќе биде еден од шесте станари на луксузниот комплекс изграден над гаражата. Гаражите кои се наоѓаат под становите на Менхетн се многу ценети, бидејќи паркинг места се наоѓаат тешко и се многу скапи. Доли Ленц, агент за недвижности, рекла дека местото е за оние кои сакаат приватност. тоа може да биде некој бизнисмен или некоја славна личност.