Хотелот како што дознаваме ќе биде урнат со експлозив, а минирањето ќе го изврши овластена компанија. Информацијата ја потврдија од СВР Охрид, кој бил информиран за начиниот на кој се планира да биде урнат хотелот.
Во Горица во тек се подготвителни активности за изградба на новиот комплекс кој ќе се протега на површина од неколку илјади метри квадратни.