Со експлозив вчера продолжи уривањето на хотелот Парк. Според најавите уривањето треба да заврши денеска по што ќе биде пристапено кон
расчистување на просторот.

Како што е познато на местото на хотелот Парк ќе се изгради комплекс со
200 апартмани кој ќе се протега на површина од околу 5000 метри
квадратни. Според урбанистичкиот план предвидено е и проширување
на патната инфраструктура и други помали градежни зафати.

Парк беше еден од најстарите хотели на ривиерата и препознатлив белег на
охридскиот туризам. Според локалната самоуправа со неговото уривање
Охрид нема да загуби на автентичност, а новиот комплекс за кој градот
тврди дека ќе биде во функција на туризмот, ќе придонесе за економскиот
развој на Охрид.

OhridNews