Париз, светската метропола на љубовта заедно со Њујорк се прогласени за идеални градови за вонбрачни врски во изборот на една друштвена мрежа за неверни брачни партнери. После нив следувале Милано, Барселона, Брисел, Рим и Марсеј. Друштвената мрежа за неверни брачни партнери брои повеќе од 375 илјади членови од целиот свет.


Париз и Њујорк победиле во изборот поради френетичноста на нивниот секојдневен живот. Милано поттикнува на неверство бидејќи е центар на бизнис патувањата, додека во Барселона неверствата се стимулирани од интензивниот ноќен живот. На листата се нашле само големи градови, бидејќи во нив е полесно да останеш незабележан.