Според истражувањето на “City Brand Indexa”, кој ја мери перцепцијата на светските градови, град со најдобар имиџ на светот е Париз. Од 50 светски градови, чија перцепција била истражувана, на првото место се нашол Париз, а го следат Лондон, Сиднеј, Њујорк, Лос Анџелес, Рим, Вашингтон, Мелбурн, Виена и Токио.


Истражувањето се спровело така што секој град се оценувал во следните шест категории: присутност, место, потенцијал, жители, предуслови и пулс. Важно е градовите да можат да понудат пријатен, успешен и одржлив живот со своите граѓани и тусристи, како и според тие можности да се познати во светот. Резултатите се добиени врз основа на 5105 интервјуа кои биле спроведени по пат на интернет, а испитаниците биле лица постари од 18 години од девет светски земји.