Педесетидеветгодишна французинка која била вештачки оплодена во клиника во Виетнам, со царски рез родила здрава тројка во Париз.
Во париската болница специјализирана за комплицирани бремености, французинката на свет донела две момчиња и едно девојче.
„Породувањето помина добро, иако раѓањето над педесеттите години е вистинска реткост“, изјавил портпаролот на болницата.
Французинката забременила со вештачко оплодување во приватна клиника во Виетнам со посебна техника со која ембрионот може да се имплантира во матката на жената која е во менопауза. Во Франција таквиот третман е ограничен на жени до 43 години старост.