Стратегот на Металург, Лино Червар на крајот од сезоната може да го напушти клубот откако на негова адреса стигна богата понуда од Катар.

Ако се реши да замине Червар во земјата која е организатор на следното Светското првенство, според “Дневник“ ќе земе околу милион долари по сезона. Покрај селекцијата на Катар ќе може да води клуб, кој што тој ќе посака во Катар.
Со хрватскиот тренер на клупата Металург доживеа воскреснување. Сезонава е најдобра за ракометарите на Металург, кои испишаа историја со пласманот во осумте најдобри во Лигата на Шампиони, обезбедија учество во завршницата од СЕХА лигата и со Вардар ПРО ќе бијат битка за двојната круна во Македонија.

Мх.П.