Парис Хилтон ја мачи голем проблем – страв од патување во вселената. Според нејзино мислење постои можност да се врати дури по 10 000 години.
Првиот комерцијален лет во вселената се планира во 2010 година. Околу 157 луѓе се пријавени,меѓу кои многумина се познати личности.
Заедно со Парис Хилтон цена од 200 000 американски долари уплатиле многу личности од шоу бизнисот.
Парис Хилтон е загрижена бидејќи не го знае точното време на враќање, а на медиумите им изјавила:„Навистина ми е многу страв да го направам тоа. Што ако не се вратам? Што ако се вратам за 10 000 години и сите кои ги знам веќе ги нема?“