На холивудската старлета и богата наследничка Парис Хилтон и поаѓа од рака да заработи на секој чекор. Покрај тоа што зема хонорари само да се појави во некој клуб или ресторан, богатата наследничка се испробала и во коцкањето и зарабоптило прилично убава сума на пари.

Парис пуштала музика во еден кантри клуб во Атлантик Сити, каде најверојатно и ќе го слави својот роденден, а паузата ја сикористила да си ја испроба среќата во блек џек. Дека парите очигледно и се лепат за прстите покажала и со фотографијата ос својата заработка. Задоволна со добивката која ја освоила на масата за блек џек, старлетата фотографијата од банкнотите од по 100 долари ја поставила на својот Инстаграм профил.