Иако САД се замориле од Парис Хилтон, која од тронот за топ сталета ја симнала Ким Кардашиан, младата наследничка сеуште одлично минува во Европа. Барем во Данска, каде за појавување во неколку епизоди од шоуто „Хотел рај“ добила високи 300 илјади долари хонорар.
„Хотел рај“ следи луѓе без партнери кои живеат во хотел со пет ѕвездички и се натпреваруваат кој може да остане подолго. Учесниците мораат да делат соба со некој од спротивниот пол, што гарантира многу секс. Иако станува збор за американска емисија, таа преку Атлантикот се емитувала многу кратко, во 2003 година. Затоа во Данска постигнала голем успех, на кој не му одмогнале ниту критиките поради прикажуваето на сцени со секс и забави на кои се пие алкохол во големи количини.