Пред само две седмици, момчето на богатата наследничка Парис Хилтон, Ривер Випери, со кој е во врска речиси две години, зборувал дека неговата сакана е „апсолутно прекрасна“, но се чини дека Парис не мислела исто за своето момче, па ставила крај на нивната романса.
Но, не тагувала долго бидејќи неодамна била видена како се бакнува со мистериозно момче на плажа во Малибу. Пред да почнат да играат на брановите, младиот пар се „заиграл“ во страсните бакнежи пред очите на сите присутни. Очигледно Парис веќе го има тргнато од мислите шпанскиот модел и ужива со новото момче.