Парис Хилтон и нејзиното ново момче, режисерот Тод Филипс, уживале на вечера со Леонардо ди Каприо и други познати личности од шоу бинисот. Изгледа дека Парис ја пронашла својата сродна душа. Откако ја прекинала љубовната врска со Чиј Вејтс, таа на почетокот на месецов објавила дека се забавува со Тод Филипс.


Извор близок на парот за медиумите изјавил дека за време на вечерата Парис и Тод изгледале многу вљубени. Сите им зборувале дека се прекрасен пар. Парис добила одобрување и од својата помлада сестра, на која досега не и се допаѓале нејзините момчиња.