Парис Хилтон била уапсена во Лас Вегас откако полицијата во нејзиниот автомобил пронашла непозната количина кокаин. Тестирањето на супстанцијата која била пронајдена во автомобилот покажало дека станува збор за забранетата дрога. Парис била приведена во Кларк Каунти, а наредниот ден била ослободена.


Претходно била уапсена поради пушење марихуана на натпревар од светското фудбалско првенство, а на крај за тоа била казнета една нејзина пријателка. Богатата наследничка во 2007 година поминала 45 дена во затвор поради кршење на условната казна на возење во пијана состојба.