Парис Хилтон ја тужела италијанската компанија за долна облека „Le Bonitas“ бидејќи не ја промовирале нејзината модна линија во Европа на договорениот начин. Богаташката минатата година со компанијата потпишала договор на пет години и за нив требала да креира своја сопствена линија на долна облека, костими за капење и пиџами.
Но, со оглед на тоа што компанијата не вложувала во промоцијата на нејзиниот проект, нејзините адвокати изјавиле дека омпанијата на Хилтон и должи околу еден милион евра бидејќи го прекршиле договорот. Од комапнијата, пак, тврдат дека виновна е Парис, бидејќи одбивала да го прифати дизајнот кој тие и го испраќале на авторизација.