Парис Хилтон крстари по Медитеранот сончајќи се топлес на луксузна јахта. Богатата наследничка ги покажала градите воопшто не криејќи се од фотографите. Нејзината фигура поттикнала гласини дека таа си ги зголемила градите. Иако тоа јавно не го признала, многумина погодуваат дека тоа го сторила додека била со пријателите во Европа.


Минатата седмица била во францускиот Сент Тропе, каде нејзиното ново момче, малезиецот Таек Жо Лоу потрошил огромна сума пари за нивниот провод во еден ексклузивен клуб. Изгледа со тоа сакал да покаже дека може да потроши повеќе пари од нејзиното поранешно момче.