Богатата наследничка на социјалната мрежа „Твитер“ напишала дека Пол Ланкон(21) бил многу жестоко момче. Парис се бакнувала со осум години помладиот актер на една од забавите по доделувањето на филмските награди на МТВ.


Иако најпрвин сите мислеле дека бакнежот е замка за медиумите, Парис многу наскоро објавила дека станува збор за љубов. Неодамна ја прекинала врската со безбол играчот Даг Раинхарт бидејќи не ја ценел доволно.