И додека нејзината млада сестра Ники Хилтон пред една седмица се заколна на вечна љубов со Џејмс Ротшилд, се чини дека Парис сеуште нема намера да се скраси. Веднаш после свадбената церемонија која е организирана во Лондон, Парис се упати на најпопуларниот остров во Европа.
Таа на Ибица пристигна во друштво на свеото момче, шведскиот бизнисмен Томас Грос со кој е во врска неколку месеци, а фотографиите од нејзиното омилено место на планетата Парис веднаш ги постави на социјалните мрежи. Богатата наследничка е чест гостин на овој остров, кој го посетувала со бројни поранешни момчиња, но се чини дека Томас сепак има посебно место во нејзиното срце, па многу брзо го запозна со своите родители.