Старлетата Парис Хилтон приредила забава во Холивуд на која го претставила своето трето по ред реално шоу “The World According To Paris”, кое го снимала неколку месеци. Савната богаташка во новиот проект ќе го покаже своето вистинско лице. Изјавила дека ова сигурно ќе биде најдоброто шоу досега, а ќе можеме да видиме како таа скока со падобран, како и да слушнеме некои разговори со нејзиното момче за кое сеуште не може да поверува дека се одлучила да ги објави.
Згодната блондинка без потреба се грижела за тоа што шоуто ќе го гледаат и нејзините родители, бидејќи од нејзината мајка Кети Хилтон имала целосна поддршка за проектот. Парис до сега снимила све реални шоуа, и тоа „Едноставен живот“ и „Најдобрите другарки на Парис Хилтон“.