Парис Хилтон повторно се вратила на правењето скандали во јавност и тоа во еден клуб во Лас Вегас. Прво на подиумот се бакнувала со девојка, потоа предизвикала тепачка, а на крајот нејзиното момче Вајпер било уапсено. Богатата наследничка и нејзиното десет години помладо момче се забавувале во еден ноќен клуб, по што Парис одлучила да ја зачини забавата и почнала да се бакнува со непозната девојка.
На нејзиното момче тоа не му се допаднало, па нападнало едно момче кое посматрало како Парис се бакнува. Целиот инцидент се завршил така што дошла полицијата и го привела Вајпер, кој ќе биде обвинет за напад и нанесување лесни телесни повреди.