Богатата наследничка на ланецот хотели Хилтон, на дочекот на Новата година во Мајами по полноќ пред сите се бакнувала со познатиот Ди Џеј Афроџек, а делеле и иста соба во хотелот. Во последно време се шушка дека Парис Хилтон и Афроџек не се само добри пријатели како што се мислело на почетокот. Се чини дека работите меѓу нив се промениле и дека наследничката однеодамна е во врска со музичкиот продуцент.

Парот на најлудата ноќ се забавувал во еден хотел во Мајами. Извор за британските медиуми изјавил дека цела вечер се бакнувале и дека делеле апартман во луксузниот хотел. Додал дека нешто пред полноќ на дочекот на Новата година Парис се качила на бината и заедно со Афроџек одбројувала до полноќ, по што страсно се бакнале пред сите присутни.