Богатата наследничка Парис Хилтон во последно време се труди да ја смени својата слика пред јавноста односно да го промени она што се создаде во јавноста за неа. Така, нејзината цел е сега да се прикаже како паметна и способна жена, а не како богата и глупава наследничка. Всушност, Парис сега тврди дека сама ги заработила парите. Тоа се должи на нејзината линија од 16 парфеми, модната линија, линијата за аксесоари, долен веш и козметика, а сето тоа се продава низ 44 продавници низ светот.
Парис тврди дека сета таа работа и донела пари, независно од тоа што таа е наследничка на огромно богатство. „Не сум наследничка, туку бизнисмен. Во моите 20-ти години се забавував лудо и имаат право луѓето што имаат такво мислење за мене. Иако, себеси не се сметам за наследничка, бидејќи тоа е човек кој живее врз основа на богатството на своето семејство. Јас моите пари ги заработив сама. Намерно имав таков глас и глумев глупача, но тоа не сум јас“ вели Хилтон.