Богатата наследничка Парис Хилтон признала дека се заситила од лудите забави и дека сега е време да стане мајка. Таа се пофалила дека со нејзиното момче, манекенот Ривер Випери работат со полна пареа на бебе.


Изгледа Парис се огледала на некогаш најдобрата пријателка, Ким Кардашиан, која пред месец дена стана мајка на девојчето Норт Вест. Парис неодамна открила дека би можела да се венча со своето 11 години помладо момче, со кое во мај ја прослави првата годишнина од врската.