Познатата наследничка Парис Хилтон повеќе не е во врска со Сај Вејтс, сопственикот на два познати клуба во Лас Вегас. Според наводите на американските медиуми, Парис Хилон е повторно сама. Како главна причина за кризата во која западнала нејзината врска се истакнува тоа што Сај не можел да се носи со медиумското внимание кое ја следи Парис.


Неименуван извор близок до Парис изјавил дека немало недоразбирања и прекинувањето било договорно. Едноставно работите повеќе не функционирале како што треба. Сај и Парис врската ја започнале на средината од минатата година, откако таа прекинала со Даг Рајнхарт, за кој Парис често истакнувала дека е човекот на нејзиниот живот.