Парис Хилтон позирала гола во када во својата вила на Беверли Хилс на снимањето на своето шоу ‘The World According To Paris’. Откако ја измила косата и излегла од кадата, богаташката во својата соба разговарала со мајката Кејти. За своето момче рекла дека е сјајно и дека не сака да ја расипе работата. Додала дека многу го сака.
Еден ден пред тоа во САД било емитувано интервју на кое се појавила со мајка си, и на кое рекла дека порно снимката која се појавила на интернет засекогаш и го променила животот, и дека сите поради тоа имале погрешно мислење за неа. Филмот настанал во 2001 година со момчето Рик Соломон кога Парис имала само 20 години.