Најпознатата холивудска старлета, Парис Хилтон, прописно се избламира, кога на еден настан, блицевите од фотоапаратите, открија дека под својата маица не носи градник. Провокативниот стил на облекување никогаш не беше непознат за богатата наследничка, но и покрај тоа што овој пат се обиде да биде „запетлана“ до грло, Парис пропушти да го облече најосновното парче облека.

 

Меѓутоа, овој моден прекршок можеше да мине и незабележано доколку пред ресторанот во кој вечераше Хилтон не се затекнаа и бројните папараци. Блицевите на фотоапаратите открија дека богатата наследничка, која неодамна стави крај на уште една од нејзините бројни врски, не носи градник.