Парис Хилтон и нејзиното момче Си Вејтс ги посетиле златарите во Њујорк во потрага за совршен веренички прстен, па иако нивната потрага не завршила успешно, Парис порачала дека е спремна да одат чекот понапред. Богатата наследничка на Хилтон хотелите по се изгледа одлучила лудите забави да ги остави зад себе и да ги замени со мирен семеен живот.
Таа неодамна изјавила дека и е прекрасно во врската со Си Вејтс, и дека тие имаат сериозни планови за иднината. Парис се пофалила дека разговарале за веридба, и дека тоа се случувало еднаш во животот. Додала дека целиот живот сака да го помине со Си, а за прстенот рекла дека е сигурна оти ќе биде прекрасен, бидејќи нејзиното момче имало одличен вкус, кој го покажал кога и подарил прекрасен спортски автомобил за нејзиниот роденден.