Американската старлета Парис Хилтон отворила нова продавница за чанти во главниот град на Филипините, Манила. Неколку стотини обожаватели, локални ѕвезди и новинари се насобрале пред нејзиниот бутик во еден од трговските центри во Манила и со воодушевување ја пречекале богатата наследничка која им рекла „ве сакам“ на локалниот јазик.


Потоа потпишувала чанти купени во нејзината продавница и се фотографирала со обожавателите. Едно момче, кое и подарило нејзин портрет кој самиот го насликал, успеал да измами бакнеж од стралетата. Пред да одлета за Лос Анџелес ветила дека наскоро повторно ќе се врати во Манила да отвори нов хотел.