Дедото ма Парис Хилтон, Барон, 97% од 2,3 милијарди вредното богатство ќе ги остави на добротворната фондација која ја основал неговиот татко Конрад.
Завчера од фондацијата Конрад Н. Хилтон службено е соопштено дека дедото Барон 97% од својот имот ќе и остави на добротворната фондација. Придонесот на фондацијата кој доаѓа од имотот на Hilton Hotels Corp. i Harrah’s Entertainment Inc. е досега најголем во нејзината историја. 80-годишниот Барон Хилтон ветил дека веднаш ќе донира 1,2 милијарди долари , а уште 1,1 милијарда долари по неговата смрт.„Работиме за намалување на човечките страдања во целиот свет, без оглед на расата, верата или земјата од која некој доаѓа-тоа беше и мотото на мојот дедо, основачот на фондацијата“ рекол претседателот на фондацијата, таткото на Парис, Стивен М.Хилтон.
Парис е една од 23-те внуки на Барон, а вчера не била достапна за новинарите за коментар на оваа информација. Но, на Парис тие пари нема да и недостигаат, затоа што самата изгради свое „финансиско царство“ со популарното риалити ТВ шоу, хит синглот, таа е заштитно лице на парфем, шампањско, книги, спортски марки…
Јасминка Т. Момироска